(едн.) габаритот
Вид збор: Именка, машки род
Надворешен обем на градба.
Англиски:
measure
Албански:
përmasë, shtrirje
мн. галерии
Вид збор: Именка, женски род
Специјална просторија или градба наменета за изложување уметнички дела.
Примери:
Вечер во галеријата ќе се отвора изложба.
Долга, тесна просторија што поврзува други простории во дворци, палати, рудници или во воени утврдувања.
Примери:
Низ дворецот поминуваа низ долга галерија.
мн. гардероби
Вид збор: Именка, женски род
Дел од мебел во којшто се чуваат алишта.
Примери:
Во спалната немаше место да се стави гардероба.
Простор со закачалки во некој објект (театар, кино) предвиден за оставање капути, мантили, палта и други лични работи на посетителите.
Примери:
Пред гардеробата во театарот се направи голема мешаница.
мн. гарсониери
Вид збор: Именка, женски род
Мал, еднособен стан.
Примери:
Живееше во мала гарсониера во центарот на градот.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Урбанистички процес во кој во неугледни делови на еден град се населуваат граѓани од средна класа, пропратено со раселување на сиромашните кон периферијата.
Примери:
Атинските населби Плака, Гази, Псири и Метаксургио се класичен пример на населби што поминале низ процесот на гентрификација.
мн. гипсари
Вид збор: Именка, машки род
Занаетчија што се занимава со изработка на предмети од гипс.
гипсираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Работи нешто со гипс, изработува нешто од гипс.
Примери:
Гипсарите ги гипсираа ѕидовите.
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Картониран гипс што се користи за внатрешно уредување на простории.
Примери:
Фирмата изработува и гипскартон.
Вид збор: Именка, машки род
Градежен материјал од гипс во вид на плочи, обвиени од двете страни со картон.
(едн.) готиката
Вид збор: Именка, женски род
Стил на градба во Западна Европа од средниот век (по романиката, а пред ренесансата) што се карактеризира со високи, издолжени градби, катедрали и сл.
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ситни речни камчиња или добиени со дробење камен, кои се користат како градежен материјал.
Примери:
Се влегуваше низ една алеја посипана со грагор.
мн. градби
Вид збор: Именка, женски род
Градење некаков објект, ѕидање, изградба.
Примери:
Застана среде градбата и фати да витка цигара.
Вид збор: Именка, машки род
Плет, ограда од прачки, камења и сл.
градежни
Вид збор: Придавка
Што служи за градба, што се однесува на градење.
Примери:
градежен материјал
мн. градежници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со градење.
(едн.) градежништвото
Вид збор: Именка, среден род
Стопанска гранка чија дејност е градење објекти; изведување на градежни работи.
мн. градилишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се гради.
Примери:
Никаде да се види некое друго градилиште, ни да се чуе глас на мајстор или звук на мистрија.
мн. градители
Вид збор: Именка, машки род
ѕидар, архитект
Примери:
Ќе ни требаат градители и каменоресци, копаничари и зографи.
мн. градишта
Вид збор: Именка, среден род
град
Англиски:
town
Албански:
qytet
мн. граѓи
Вид збор: Именка, женски род
градежен материјал
Примери:
дрвена граѓа
мн. гранулати
Вид збор: Именка, машки род
Зрнест материјал; градежна маса во зрнца.
Примери:
Дробината од мермерот се користи за производство на дробени гранулати во градежништвото и за декоративни производи од камен во индустријата.
мн. греди
Вид збор: Именка, женски род
Долго, дебело и право дрво што се користи за градба.
Англиски:
beam
Албански:
tra, direk
Примери:
Вертикалните рамки на отворот од вратата биле составени од ќошиња до кои се допирале дабови греди.
Вид збор: Скратеница
Генерален урбанистички план